Македонија воведува систем за надворешна контрола на личните податоци

Од:

Македонија е една од ретките земји што го воведува системот на надворешна контрола на заштитата на личните податоци. Во таа насока е и дводневната Меѓународна работилница за воспоставување на рамка за ревизија на заштитата на личните податоци.

На оваа работилница, што се одржува во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци, со поддршка од инструментот TAIEX на Европската комисија, ќе бидат опфатени аспектите на вршењето на инспекција како една од основните надлежности на надзорните органи за заштита на личните податоци и внатрешната контрола. Ќе бидат презентирани и дел од регулативите и препораките за добри практики.

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Димитар Георгиевски на отворањето на работилницата најави дополнување на Законот за заштита на лични податоци со одредби кои ќе се однесуваат на пренесување на дел од надлежностите на Дирекцијата на приватниот сектор кој треба да ја прави оваа ревизија.

– Ова е битно за Република Македонија заради осигурување на деловната клима, безбедност на компаниите кои што потпираат на информатичките системи, а тоа е во поголем обем. Дирекцијата користејќи ги шпанските и холандските искуства предложи дополнување на Законот за заштита на лични податоци со одредби кои се однесуваат на пренесување на дел од своите надлежности на приватниот сектор, изјави Георгиевски.

Во следните два дена учесниците на работилницата ќе дебатираат и за искуствата од досегашната примена на овој механизам во Македонија, но и за предизвиците и можните правци за унапредување.

– Кога зборуваме за ревизија на заштитата на лични податоци зборуваме за неколку нивоа за безбедност на податоците, објаснува Георгиевски, појаснувајќи дека ревизиите ќе ги вршат компании од приватниот сектор.

Сето тоа, вели тој, е систематизирано во пропис што го направи Дирекцијата.

– На тој пропис подложат сите компании особено големите, кои се и најмногу заинтересирани за сигурноста во сопственото работење и за услугите што ги даваат на своите клиенти. Кога зборувам за компании, мислам на сите субјекти согласно Законот за трговски друштва и посебните закони, пред се на банките, осигурителните компании, но и компании кои пружаат здравствени и образовни услуги, изјави Георгиевски.

Би можело да ве интересира

„Фејсбук“: Украдени се податоците на 29 милиони корисници

Во Битола промовирана академската база на податоци EBSCO

Ана Ололовска

Конференција за заштита и управување со информации

Ана Ололовска

На Гугл Стрит Вју со замаглени ликови и регистерски таблички

Ана Ололовска

Телекомуникациските оператори не смеат бесконечно да ги користат податоците на клиентите

Ана Ололовска

Кампања за ажурирање на личните податоци

Ана Ололовска