Вељаноски до Иванов: Не сум побарал и нема за што да бидам аболициран

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во писмо до претседателот Ѓорге Иванов истакнува дека никогаш не побарал и нема за што да биде аболициран. Повторува дека се спротивставува на одлуката на Иванов за аболиција и прачува дека секој политичар и функционер треба да одговара за своите постапки и одлуки.

– Господин Иванов, ја користам оваа пригода упатувајќи го ова писмо до Вас, но и до јавноста, уште еднаш да го изразам својот личен став дека јас никогаш не сум побарал од Вас никаква аболиција од проста причина што навистина нема за што да ме аболицирате.

Истовремено, како што тоа го истакнав во моето соопштение до јавноста во средата, на 13 април 2016 година, најенергично се спротиставувам на вашата Одлука за аболиција. Но, како што веќе реков, јас и како човек и како пратеник, сметам дека секој политичар и функционер, вклучувајќи го и Претседателот на државата, треба да сноси одговорност за своите постапки и одлуки, наведува Вељаноски во писмото до Иванов.

Би можело да ве интересира

Вељаноски упати честитка по повод Велигден

Емир Латифовиќ

Вељаноски: Нема уставна можност за свикување седница

Емир Латифовиќ

Честитка од Вељаноски по повод Денот на албанската азбука

Емир Латифовиќ

Вељановски: Ниту една политичка бомба нема толку чад за да се замаглат вистинските дела

Емир Латифовиќ

Вељаноски: Зошто на Дескоска никој не и кажал дека и СДСМ не сакаше да бидат одземени мандатите

Емир Латифовиќ