(ВИДЕО) Сарачини кон полицијата: Сте се заколнале пред Уставот, а не пред Груевски и Мијалков

Од:

На протестот пред Собранието, активист Петрит Сарачини им се обрати на полицајците и им рече да се придружат на својот народ, да ги симнат штитовите и да не се однесуваат дека не се во Танзанија, туку во Македонија.

– Сте се заколнале пред Уставот на Република Македонија и на овие граѓани, а не пред Ѓорге Иванов, не на Никола Груевски, не на Гордана Јанкуловска, ниту пред Сашо Мијалков. Размислете уште еднаш – дали ќе ги држите овие штитови вака, или ќе се свртите натаму и ќе го предводите народот. Срам да ви е полицајци!, рече Сарачини.

Тој рече дека криминалците од власта никој не смее да ги спаси, тие треба да одговараат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сарачини не одговори на прашањата дали владата треба да прифати одговорност за заканите на Асани

Наум Локоски