Адвокатите на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, Горан Груевски утрово ја обжали одлуката на Судот, кој по деветчасовен распит го прифати предлогот на Специјалното јавно обвинителство за притвор.
Од Судот за А1он велат дека жалбата е пратена на одговор, па кога ќе се добие одговор судијата го праќа на одлучување во Кривичниот совет, по што ќе се знае дали жалбата е прифатена или не.
Началникот на петтата управа на УБК, Горан Груевски, заедно со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска се сомничат за уништување на опремата за прислушкување на МВР.
Александар Тодески