Пред 22 и 30 часот се засили полициското присуство пред Кривичниот суд во Скопје, во очекување на одлуката на судот дали ќе одреди притвор за началникот на УБК, Горан Груевски. Адвокатите на осомничениот Груевски заминаа и немаа одговор каква ќе биде одлуката на судот.
Началникот на одделение во УБК, Горан Груевски според Специјалното јавно обвинителство заедно со уште четворица се осомничени дека уништиле системи за следење во МВР на отпад за старо железо, веднаш по објавувањето на “бомбите“.
СЈО бара притвор само за првоосомничениот, додека за останатите, меѓу кои уште еден началник и поранешната министерка за внатрешни работи бара мерки на претпазливост, односно одземање на патните исправи.