Примарен акцент во идните активности што треба да бидат преземени во соработка со сите субјекти во транзитните центри е обидот да се направи поделба во бројната состојба помеѓу прифатниот центар Табановце и прифатниот центар Винојуг- Гевгелија за да може да се растовари притисокот на Табановце, а да се обезбедат похумани услови за сместување на лицата во тразнитните центри.
Тоа го изјави министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски при денешната посета на транзитниот центар Табановце.
Ташевска-Ременски изрази надеж дека состојбите со бегалците и мигрантите ќе се решаваат на начин на кој ќе биде одлучено и на денешниот самит и во координација со институциите кои се задолжени за регулирање на активностите во прифатните центри и во Табановце и во Винојуг.
Информира дека се прават анкети во центрите по основ на доброволност за префрлање, односно сместување во кампот во Винојуг. – Да ставиме акцент на доброволноста без притоа некој да биде приморан да мигрира кон југ, без да му биде обезбедна гаранција дека ќе биде сместен и дека ќе ги добие истите услови, изјави Ташевска Ременски.
Доброволноста, додаде, моментно е слаба, а деновиве 20-тина лица прифатиле да бидат сместени во транзитниот центар Винојуг. – Оваа бројка сигнализира дека е неопходно активирање на сите субјекти тука за да може да се растовари притисокот во Табановце, рече Ташевска-Ременски.
Во координација со Црвениот Крст, МТСП деновиве ќе се јави како носечки субјект во набавка на топлите оброци за лицата во транзитните центри.
– Користиме грант од Европската банка за обнова и развој по однос на набавка на храна за цела 2016-та година, така што во голем дел товарот за снабдување со основни и потребни намирници за храна за лицата во транзитните центри ќе ја преземе МТСП без притоа да ги исклучиме сите останати невладини организации кои што донираат храна и се нашле во најтешките моменти, за луѓето кои обезбедуваат грижа за лицата во тразнитните центри, изјави министерката за труд и социјална политика.
Им се заблагодари на донаторите за кои рече дека дневно интеревенираат и овозможуваат услови и средства за сместување на лицата во кампот, како и на невладините организации во процесот, во регулирање на бегаласката криза и грижата за ранливите категории, децата, жените ,старите, на оние кои им е неопходна помош.
Покажаа, посочи, дека во клучните моменти тие беа први на браникот на оваа криза, наспроти да кажеме реакцијата на државата која што беше малку задоцнета во овој дел, така што редно е државните институции да преземат поголем дел од одговорноста за ситуациите во прифатните центри и за тоа се залагаме, изјави министерката.
Подвлече дека имаат постојана комуникација со сите субјетки во Табановце на дневна основа и наведе оти капацитетот е веќе надминат со околу 1.400 лица, кои добиваат потребна грижа во однос на храна, топол оброк, да имаат услови за оддржување лична хигиена, неоходна медицинска помош.
Министерката Ташевска-Ременски информираше дека на средба со градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски се договориле за поголем инфраструктурен проект за канализација благодарение на донации од меѓународни организации кој ќе се однесува на селото Табановце и на центарот. Со проектот, смета таа, се обезбедува внимание и грижа не само за прифатниот центар, туку и за месното население, за кое рече дека дека покажале хуманост и солидарност, со маката на бегалците и дека општината, институциите и државата треба да има слух за нивните потреби.
Сандра Томовска, одговорно лице во ТЦ Табановце преку МТСП изјави дека дневно на бегалците со невладините организации и Црвениот крст добиваат оброци пет пати на ден и оти здравствената заштита функционира добро во соработка со Црвен крст и Медицинскиот центар од Куманово каде што на дневна основа се транспортирааат бегалци до медицинскиот центар и до клиниката во Скопје. Најчесто, како што реле, се со репираторни заболувања бидејќи предолго беа на отворено, а има и со посериозни заболувања и хронични здравствени проблеми.
Координаторот на Центарот, Горан Стојановски, изјави дека 952 бегалци се сместени на центарот во Табановце и 362 се на граничниот камен помеѓу Република Македонија и Србија.
– Јас очекувам дека денеска ќе заврши агонијата на тие 362 лица во смисол на тоа таков е и договорт што го направивме со луѓето, ги почитуваме нивните желби и затоа не реагираме иако е подобро тие да се овде на ТЦ Табановце. Да видиме како ќе заврши самитот и тие тоа го очекуваат со нетрпение, изјави Стојановски.
Македонија, додаде, е држава која што навистина пружа максималана помош и хуман третман кон кон бегалците. – Тоа го покажавме досега, секако дека така и ќе заврши без разлика каков ќе биде исходот на самитот во Брисел, значи повоторно доброволно на нивно барање оние кои ќе побараат да бидат префрлени во Гевегелија бесплатно со транспорт како што е договорено и има одлука на Управувачкиот комитет, сметам дека тој дел нема да биде мал, изјави Стојановски.