Со изложба на протестни фотографии, синоќа беше отворено четвртото издание на фестивалот „Прво па женско“. Најмногу публика привлече гала вечерта на раскажување женски приказни насловена „Пич прич“, според концепт на Румена Бужаровска и Ана Василевска.
Гордана Попсимова, Ана Костовска, Оливера Трајковска, Лилјана Дирјани и Јана Јакимовска раскажуваа за теми кои ги сметаат важни, а кои беа и емотивни и хмористични и сериозни, а салата во киното Фросина, публиката ја исполни до последното место.
– Годинашното издание на фестивалот ја слави Жената Борец. Програмата е замислена како портрет на женското лице на годината одбележана со свирежи, скандирања и поворки по улиците. Како одек на автентичната женска борба со пендреците, штитовите, чизмите со метални ѓонови, со барикадите, солзавците и водените топови. На женското НЕ на неправдата, насилството и криминалот.
Жените бестрашно и неуморно ги освоија улиците. Уште малку ќе ја освојат и слободата! Слободна Македонија, колку тоа женски звучи!, велат организаторките од Tiiiit! Inc.
Фестивалот „Прво па женско“ продолжува и денеска и утре, а целата програма можете да ја видите на следниот линк
фото: Ванчо Џамбаски