Веќе скоро три години од откако се одржаа локалните избори во 2013 година, а тетовчани се прашуваат дали и овој пат се изиграни од избраниците на власта.
После популистичките ветувања кои скоро секоја година се повторуваат некаков резултат скоро и да нема, напротив, се отвораат нови проблеми за кои власта нема никакво решение.
Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија го прашува Општинскиот комитет на ДПМНЕ – Тетово до каде се со ветените проекти кои ги предложија за време на предизборната кампања, односно до каде е изградбата на новата црква, претседателот – македонец на Советот на Општина Тетово, директорот на Јавното комунално претпријатие, како и секретар на општината истотака македонец?
Наместо да се остварат ветувањата, ДПМНЕ како дел од локалната власт со својата неодговорност отвори нови проблеми за кои како да нема ниту идеја ниту некакво решение за решавање на истите. Како еден од приоритетните проблеми се и пристојни простории во кои треба да учат средношколците од македонските паралелки на тетовската гимназија “Кирил Пејчиновиќ“.
Наместо овој горлив проблем биде во најбрз можен рок решен, неодговорноста на локалните власти како да се пресликува врз неодговорноста на централните образовни институции како што е Министерството за Образование кое уште поглуво пристапува кон проблемот со македонските гимназијалци во Тетово.