ВИДЕО: Граѓаните за десет минути собраа пари за казната на дедо Милорад

Од:

Само за десетина минути беа собрани парите за плаќање на казната во висина од 12 илјади денари која му беше изречена на дедото Милорад Георгиевски за тоа што продавал коприви.

norakaznata

Новинарката Нора Шаќири денеска во Трговскиот центар „Бисер“ со акцијата која ја објави на својот Фејсбук профил успеа да собере доволно средства со кои ќе биде платане казната изречена од судот.

– Не можев да верувам дека некој човек кој што заработува 200 денари дневно може да добие казна од 10 илјади денари затоа што продавал марули и коприви за да си го прехрани своето семејство.

– Иако човекот е пензионер и прима пензија од 10 илјади денари, сите ние што живееме со минималец, знаеме колку е тешко да се преживее, вели Шаќири додавајќи дека акцијата поминала добро и дека граѓаните се солидаризирале со маката на овој човек.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дедо Милорад: Ми бараа лиценца за 15 коприви

Ана Ололовска