Исплатени права од социјална и детска заштита

Од:

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека пред два дена извршило исплата на права од социјална и детска заштита за месец јануари 2016 година.

– Извршена е исплата на следните права од социјална заштита – цивилна инвалиднина, мобилност и слепило, постојана парична помош, еднократна парична помош, паричен надоместок на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, сместување во згрижувачко семејство, парична помош за студирање, парична помош за згрижувач и парична помош за социјално домување, се вели во денешното соопштение од МТСП.
Оттаму информираат дека е извршена и исплата на следните права од детска заштита – правото на детски додаток, еднократна парична помош за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, единствен родителски додаток, како и исплата на посебен додаток за месец февруари 2016 година.

Министерството за труд и социјална политика, исто така, известува дека ги префлило и средствата за месец јануари 2016 година за исплата на надоместок за плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство на осигурениците на Фондот за здравствено осигурување на Македонија кои го оствариле тоа право.

Би можело да ве интересира

Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Емир Латифовиќ

Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост

Емир Латифовиќ

Реакција на МТСП на обвинувањата на Сојузот на слепи

Емир Латифовиќ

Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Емир Латифовиќ

Министерката Ременски и деканот на Филозофскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка

Емир Латифовиќ

Среда неработен ден

Емир Латифовиќ