Мумбај: Воведени зони каде е забрането правење селфи

Од:

 Вториот по големина индиски град Мумбај воведе забрана за селфи во 16 зони заради многу несреќи при обидите луѓето сами себе да се сликаат со мобилните телефони.

Индија го држи неславниот светски рекорд кога станува збор за број на загинати при обид да се сликаат со мобилен телефон.

Според податоците на компанијата Price Ecomics од Сан Франциско во текот на 2014 година низ целиот свет забележани се 49 смртни случаи при обид да направат селфи, од кои 19 во Индија.
Полицијата на Мумбај заради тие податоци прогласи повеќе зони за забрана на правење селфи, особено покрај должината на брегот, каде нама ограда.

Секој кој се обидува во наведените зони да направи селфи може да биде казнет со 1.200 рупии или 18 долари. 

Би можело да ве интересира

Повторно се урна зграда во Мумбај

Ана Ололовска