Ракометарката на Вардар, Андреа Пенезиќ е задоволна од триумфот над ЦСМ Букурешт (30:25), посебно од првото полувреме кое „црвено-црните“ го добија со 17:11.
– Бевме подобри. Посебно многу сум задоволна од првото полувреме, тогаш игравме добро и во двете насоки. Во вториот дел се почувствувавме малку уморни и затоа не продолживме еднакво добро како и во првите 30 минути. Се на се освоивме два бода со кои го потврдивме третото место во групата, рече Пенезиќ.
Новиот член на стручниот штаб на Вардар, Давид Дејвис, исто така смета дека Вардар заслужено победи.
– Знаевме дека ќе биде многу тешко, бидејќи Букурешт има добри играчи и добар тренер. Плус тоа за нас ова беше прв натпревар на гости во овој состав и не знаевме каква ќе биде ситуацијата, но одигравме фантастично прво полувреме. Во вториот дел почнавме малку полошо, но потоа повторно го контролиравме мечот и со помош на нашите голмани и со добра одбрана заслужено ја носиме победата во Македонија, Дејвис.