Одлуката на Управниот суд по прашањето на аукциите на државни хартии од вредност е неправосилна. Министерот за финансии веднаш штом ја добија оваа одлука достави навремена жалба до Вишиот Управен суд, соопшти во понеделникот Министерството за финансии.
Со оглед на тоа дека одлуката на Управниот суд сé уште не е правосилна, на сила е одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) дека дополнителниот заменик министер нема право на вето на аукциите на државни хартии од вредност, се вели во соопштението.
Издавањето на државните хартии од вредност е редовен процес за финансирање на буџетот, кој се практикува во секоја земја и кој е предвиден и усвоен со Буџетот на Република Македонија. Досега реализираните аукции се во рамки на предвиденото со Буџетот за 2016 година, се појаснува во соопштението.