На грчкиот остров Хиос подготвен вториот центар за прием и регистрација на мигранти

Од:

На грчкиот остров Хиос завршен е вториот голем центар за прием и регистрација на мигранти, информира компанијата што ја спонзорира изградбата на центарот, цитирана од ДПА.

Сместен во поранешна фабрика во близина на аеродромот на островот Хиос, таканеречената жешка точка може да прими до 1.100 лица, наведува компанијата „Хеленик Петролиум“, што е во делумна сопственост на грчката држава.

Компанијата прецизира дека центарот го опремила заедно со локалните власти и армијата.
Прифатниот центар во Хиос е вториот, по оној што беше изграден на островот Лезбос. Уште три центри се планирани на островите Самос, Лерос и Кос за прием и регистрација на економските мигранти и бегалците од воените зони, кои преку Егејско Море пристигнуваат од Турција.

Би можело да ве интересира

На Европа и се заканува нов мигрантски бран од Африка

Емир Латифовиќ