Саудиска Арабија е подготвена за помош на Сиријците за решавање на кризата и нова иднина на државата без Башар Асад.
Тоа го изјави синоќа во Рабат саудискиот министер за надворешни работи Адел Џубеир на прес конференција со мароканскиот колега Салахедин Мезуар.
Џубеир нагласи дека Ријад сака „зачувување на државните институции во Сирија и прекин на војната“. Тој сепак, не даде детали за тој план.
Џубеир потврди за готовност на саудиските власти да испратат копнени сили во Сирија ако коалицијата против ИД донесе одлука за таква операција.