Сервис за независно живеење на лица со хендикеп

Од:

Сервиси за лична асистенција – овозможување независно живеење за лицата со хендикеп во Македонија, е темата на работилницата што ќе се одржи денеска во Скопје.

Работилницата ја организира  Полио Плус – движењето против хендикеп, во соработка со австрискиот Центар за стручна обука и рехабилитација поддржани од Федералното министерство за труд, социјална работа и заштита на потрошувачи на Австрија.

На работилницата ќе биде претставен концептот на лична асистенција за лица со хендикеп како сервис насочен кон поддршка на фундаменталното човеково право на лицата со хендикеп на независен живот и ќе се овозможи пренос на знаења од Австрија.

Од Полио плус соопштуваат дека на дводневната работилница детално ќе се разработи поимот и концептот на сервисот за лична асистенција за лица со хендикеп, согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ООН и ќе се овозможи компаративен преглед законодавствата на Македонија и Австрија. Воедно ќе се дефинираат улогите на корисниците и на давателите на оваа услуга, ќе се обрне внимание на категоризација на корисници, ќе се направи преглед на организирање, администрирање, евалуација и мониторинг на самата услуга и ќе се претстават минималните стандарди за квалитет при овозможување на услугата.

Би можело да ве интересира

Лицата со хендикеп бараат пристапност до здравствените објекти, подобра едукација на лекарите и квалитетни ортопедски помагала

Ана Ололовска

Дебата „Состојбите и предизвиците во остварувањето на правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп“

Ана Ололовска

Формиран Центар за вработување лица со хендикеп

Ана Ололовска

Конференција за социјално претприемништво за вработување лица со хендикеп

Наум Локоски

Родителите на деца со посебни потреби бараат итно решавање на проблемите со кои се соочуваат

Ана Ололовска

Преда плус: Ограничен пристапот до здравствени услуги за лицата со посебни потреби

Ана Ололовска