Спасов: Ташевска Ременски покажа непознавање на правните процедури

Од:

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска писмено реагираше на изјавата на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски, во кое таа, како што посочува Спасов, покажала елементарно непознавање на правни процедури, искажала голем број на небулози, невистини и манипулации.

– Ременски се уште не може да се помири со фактот дека нејзиното незаконско, несовесно и нестручно работење резултираше со времена мерка за ставање вон сила на незаконските разрешувања на петнаесет директори од институции под Министерството за труд и социјална политика, се вели во реакцијата.

Во неа се додава дека Спасов поднел тужба во рамки на неговата надлежност за незаконско работење на Ташевска Ременски и за прекршување на аднимистративни процедури, а оти Управниот суд во рамки на надлежностите донел времена мерка со цел да не настанат дополнителни последици како што е предвидено согласно Закон.

– Во овој случај техничката министерка има забрана да превзема дејствија. Со тоа решенијата за разрешување на директорите и именување на в.д директори немаат правна силасе до потврдување или одбивање на тужбата покрената од дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, се вели во реакцијата.

Притоа во неа се потенцира дека непочитување на судски одлуки и решенија повлекува кривична одговорност.

Би можело да ве интересира

Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Емир Латифовиќ

Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост

Емир Латифовиќ

Реакција на МТСП на обвинувањата на Сојузот на слепи

Емир Латифовиќ

Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Емир Латифовиќ

Министерката Ременски и деканот на Филозофскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка

Емир Латифовиќ

Среда неработен ден

Емир Латифовиќ