Како претседателка на националниот економско – социјален совет, денеска имав чест да присуствувам на конференција во организација на УСАИД, проектот Мрежа ЈЕС , којшто подолго време работи на прашањето на конституирање на локални економско социјални совети во соработка со општините во Република Македонија.
Целта на проектот е децентрализација на концептот на националниот економско социјален совет на локално ниво , со цел да се унапреди социјалниот дијалог помеѓу клучните партнери во областа на социјалниот дијалог – работодавачите, бизнис заедницата, општините, младите и сите субјекти којшто учествуваат во креирањето на социо-економските политики, политиките во делот на вработувањето, а сето ова е во функција на намалување на стапката на невработеност, особено на младинската невработеност во којашто предничиме во Европа.
Младинската невработеност во Република Македонија е 47% проценти, што укажува на потребата на вклучување на сите чинители во креирањето на политиките и на централно и на локално ниво со цел да се создадат услови за отварање нови работни места, меѓутоа и да се поттикнуваат младите да се усовршуваат за да можат да станат поконкуретни на пазарот на труд.
За таа цел во Република Македонија, преку проектот мрежа ЈЕС се формирани неколку успешни приказни на локални економско – социјални совети коишто даваат резултати и општините во коишто тие функционираат и од којшто се подржани покажуваат значителни резултати во делот на намалување на невработеноста, меѓутоа и отварање на нови профили во образовните институции за потребите на пазарот на труд. Во Република Македонија постојат неколку локални економско – социјални совети.
Целта на проектот, но и на министерството на труд и социјална политика и на националниот социо-економски совет е да ги поттикне сите општини да ги прифатат добрите практики, особено на две општини во Република Македонија, со цел преку таква добра практика и научени лекции да можат да ги развијат овие совети со цел да помогнат и на процесот на децентрализација во Република Македонија, но и да ги унапредат условите за работа и вработување на младите. Целта на проектот и нашата заложба како Министерство за труд и социјална политика, во контактите коишто ги имавме по однос на овој проект, се однесуваат на воспоставување механизми за комуникација помеѓу националниот економско – социјален совет и локалните економско – социјални совети, со цел економско – социјалниот совет да го гарантира опстојувањето на локалните економско – социјални совети, меѓутоа и да ги поттикне општините финансиски да ги подржат советите за да можат да функционираат на локално ниво и да не зависат од донаторска помош и од проекти како во случајот на УСАИД, за којшто сме многу благодарни што воспостави еден таков проект во Македонија, што на подолг рок ќе ги даде резултатите по однос на намалување на невработеноста, особено кај младите.