Почнува новата етапа на демократија во Мјанмар

Од:

Со денешната последна седница на мјанмарскиот Парламент во стариот состав заврши петдецениското владеење под воена управа и започнува нова етапа во државата позната и како Бурма. Сегашниот претседател на државата Теин Сеин кој пет години беше на чело на периодот што го нарече „транзиција“, на седницата изјави дека убедливата победа на опозицијата во ноември лани е вистински триумф на демократијата.
Од утре ќе започне процесот на преземање на власта од страна на победничката Национална Лига за Демократија (НЛД) на чие чело е нобеловката Аунг Сан Су Ќи.
Последен функционер кој ќе ја пренеса власта на победничката НЛД ќе биде сегашниот претседател Тиен Сиен, кој на новиот претстедател ќе му го отстапи местото во март. Дотогаш ќе трае процесот на конституирање на Парламентот и избор на нова влада.
Популарната Аунг Сан Су Ќи, според сегашниот Устав, нема право да се кандидира за претседателската функција, бидејки била во брак со странец, а нејзините деца имаат двојно државјанство. Извесно е дека таа ќе ја контролира политичката ситуација, без оглед на тоа кој ќе биде претседател на Мјанмар.
Аналитичарите нагласуваат дека во последниве три години Мјанмар постигна значајни резултати во економските реформи и напредокот на тој план. Обидите на конзервативниот воен врв, кој отворено, или зад сцената, по свој терк да ја контролира политичката состојба во земјата беа под зголемен надзор и притисок на меѓународните организации, при што најмногу помагаа агенции на ОН и ЕУ. Странските набљудувачи помогнаа и во организацијата и спроведувањето на изборите оддржани на 8 ноември лани, а општа е оценката дека изборите беа одржани со висок степен на демократија.

Би можело да ве интересира

Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници

Емир Латифовиќ

Завршувањето на мировниот процес ќе биде примарна задача на новата власт во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Сегашните министри во Мјанмар ќе ги пакуваат куферите, бирократите ќе останат на своите места

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар се вжештува предизборната кампања

Емир Латифовиќ

Амнестија за 6.966 затвореници во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Поплави во Мјанмар, најмалку 10 загинати

Емир Латифовиќ