Хмирова успешно оперирана

Од:

Ракометарката на Вардар, Татјана Хмирова имаше успешна операција на коленото, во Аугсбург, Германија, соопшти македонскиот ракометен првак.

– Хмирова имаше болки во десното колено поради таканаречениот плика синдром и почетни промени во рскавицата и затоа требаше да се оперира. Нашата ракометарка многу ќе ни недостасува во претстојните предизвици од Лигата на шампионите, но ако сѐ биде во ред, би требало да се врати за пет недели, информираат од ЖРК Вардар.

Тоа значи дека Русинката ќе ја пропушти главната фаза во Лигата на шампионите и преостанатите четири натпревари од неа. Првиот е на 6 февруари, во „Јане Сандански“ против шведскиот Савехоф.

Би можело да ве интересира

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Утре ЖРК Спартак во Кисела Вода ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Дибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќа

Ана Ололовска

Уште еден „цепелин“ на Лакрабер и Лекиќ во ТОП 5 голови во ЛШ

Ана Ололовска

Познати сите учесниците на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта

Ана Ололовска

Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ

Ана Ололовска