На изборот на Владата, во собраниската сала не се појавија Оливер Спасовски и Фросина Ременски, кои Емил Димитриев ги предложи за министри за внатрешни работи и труд и социјална политика.
Нејасно е како без нивна согласност се најдоа на листата на Димитриев.
„Доколку не ја потпишат свечената изјава, тогаш вие господине Димитриев, ќе ја вршите функцијата министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика“, му порача Антонио Милошоски на Димитриев.