Дебакл на ЖРК Вардар на гостувањето кај европскиот шампион Будуќност

Од:

Ракометарките на Вардар се убедливо поразени со 12 гола разлика од актуелниот европски шампион Будуќност во дуел одигран попладнево во Подгорица.

Во мечот од 2.коло од главната фаза на Лигата на шампионките, црногорската екипа целата работа ја заврши уште во првото полувреме кое го доби со убедливи 16:8. Вториот дел ракометарките на Будуќност само рутинирано го одработеа и славеа убедливо со конечни 31:19.

Најефикасна во победничката екипа беше Драгана Цвијиќ со 7 постигнати голови, додека за ЖРК Вардар најмногу 5 постигна Маја Сокаќ сите од линијата од 7-метри.

Ова беше натпревар од група 2, во која попладнево играат и  Савенхоф – Ѓер, додека во првиот меч одигран во петокот Букурешт го победи Митјиланд со 24-22.

По некомплетното второ коло, на табела водечки е тимот на Будуќност сега со 9 бода, пред Букурешт и Ѓер кои имаат по 7, ЖРК Вардар останува четврти со 6 бодови, а на последните две места се Митјиланд 5 и Савехоф 0.

Би можело да ве интересира

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Утре ЖРК Спартак во Кисела Вода ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Дибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќа

Ана Ололовска

Уште еден „цепелин“ на Лакрабер и Лекиќ во ТОП 5 голови во ЛШ

Ана Ололовска

Познати сите учесниците на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта

Ана Ололовска

Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ

Ана Ололовска