Ракометарките на Вардар јуниор се пласираа во четвртфиналето на ЕХФ Челинџ купот.
Младите вардарки и по втор пат ја совладаа српската екипа Минаква Војводина во меч од осминафиналната рунда.
И во вториот натпревар против екипата од Нови Сад одигран во спортскиот центар „Јане Сандански”, помладиот вардаров тим славеше со 31:27 полувреме 16:13. Вчера избраничките на Симе Симев победија со 26-24.
Теодора Камчева и Наташа Нолевска постигнаа по 9, а Сара Митова и Маја Трпсковска по 4 голови, за Вардар Јуниор.