Македонскиот првак ЖРК Вардар попладнево гостува во Подгорица кај актуелниот европски шампион Будуќност во дуел од 2. коло од главната фаза на Лигата на шампионките.
По триумфот во 1.коло над Букурешт во минатиот викенд, вардарки потенцираат дека се подготвени за новиот предизвик, но и свесни дека ги очекуваат тежок меч.
Натпреварот во Подгорица ќе започне од 16 часот, а е еден од двата кои ќе се играат денеска во рамките од Втората група, во која попладнево се среќаваат и Савенхоф – Ѓер. Во првиот меч од оваа група во петокот Букурешт го победи Митјиланд со 24-22.
Во групата „1“ денеска се игра натпреварот Флори – Ростов Дон, а на вчерашните дуели, ФТЦ Ференцварош – Ларвик 30-27 и Турингер – Баја Маре 23-25.
Табела – група 1: Ростов Дон 10 бодови, ФТЦ Ференцварош 9, Ларвик 6, Баја Маре 4, Флори 4 и Турингер 1.
Табела – група 2: Будуќност 7 бода, Букурешт 7, Ѓер 7, ЖРК Вардар 6, Митјиланд 5 и Савехоф 0.