Спасов: Прес-конференцијата на Ременски обид да се прикрие незаконското разрешување на директори

Од:

Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на министерката Фросина Ташевска – Ременски во врска со разрешувањата на директори на центри за социјални работи.

– На граѓаните на нашата држава им е јасно дека техничката министерка денес направи безуспешен обид да го прикрие незаконското работење и незаконското разрешување на директори на Центри за социјални работи и јавни установи поради апсурдни причини. На денешната прес-конференција Ременски се обиде да ја манипулира јавноста со неоснована кривична пријава, при што секој може да напише или потпише лист хартија со неосновани обвинувања, да го наслови како пријава и да го достави до Јавното Обвинителство, но доколку пријавувањето е лажно како што е во овој случај, ќе одговара за кривично дело лажно пријавување, се наведува во реакцијата од Кабинетот на дополнителниот заменик-минитер. 

Според Спасов, Ременски треба во рок од 48 часа да се извини за изречените клевети, а доколку тоа не го стори, тогаш, како што се вели во реакцијата, ќе бидат искористени сите правни механизми за надоместување на штета за навреда и клевета и предизвикана штета нанесена на честа и угледот на дополнителниот заменик министер.

Би можело да ве интересира

Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Емир Латифовиќ

Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост

Емир Латифовиќ

Реакција на МТСП на обвинувањата на Сојузот на слепи

Емир Латифовиќ

Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Емир Латифовиќ

Министерката Ременски и деканот на Филозофскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка

Емир Латифовиќ

Среда неработен ден

Емир Латифовиќ