Дали власта се откажува од камерите во авто школите?

Од:

Демонстрантите од авто школите го продолжуваат протестот против законот со кој сите инструктори во своите автомобили мора да имаат инсталирано камери со кои ќе ги снимаат обкуите на кандидатите.

Неофицијално, власта понудила да го одложи законот за една година, со што само би се смирил револтот на инструкторите, а тие од 1 јануари 2017 година повторно би морале да ги вклучат камерите.

– Ова не е трајно решение. Ние тука дојдовме затоа што не прифаќаме да ги снимаме обуките воопшто, а не само да се пролонгира законот за една година. Утре сме повторно на протест, на исто место во исто време, велат инструкторите.

Според дел од инстркуторите, обуката на кандидатите е вештина и велат дека тоа би било исто како да се снима тренинг на спортисти.

Мал дел од инструкторите сакаа да ја прифатат одлуката и да го прекинат штрајкот, бидејќи, како што велат, власта имала поголеми работи во моментов со кои се занимавала, што останатите веднаш го одбија и се договорија да го продолжат протестот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Нема одложување на обврската за камери во возилата на авто школите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Авто школите повторно на протест пред Влада

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Авто школите протестираат пред Влада: Не сакаме да ни ја снимате обуката

Ана Ололовска