Во Соборниот храм Архиерејска златоустова литургија по повод Божик

Од:

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик се одржа Архиерејска Златоустова Литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската правослвна црква- Охридска Архиепископија г.г. Стефан. 

На литургијата присуствуваа претседателот на државата Ѓорги Иванов со сопругата, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со сопругата и претседателот на Владата Никола Груевски, како и многу верници. 

По повод Божик, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди!

– Да Го молиме Семилостивиот Бог да нè удостои во претстојното 2016-то лето Господово, и овде во Татковината и меѓу Македонците по светот, достојно да ги одбележиме 1100-те години од упокоението на најголемиот македонски духовен великан – свети Климент Охридски, просветителот, чудотворецот и основоположникот на славната Охридска Архиепископија – патронот и закрилникот на нашата Македонска православна црква, се посочува во посланието.

Оваа година исто така, ќе се одбележува и 1000-годишнината од упокоението на свети Јован Владимир, кој маченички пострадал во Преспа. 

– Во секој од нас да потече извор на мир и братска љубов. Господ Христос е нашата моќ, нашата помош, нашата утеха, нашата радост и нашата надеж. Тој, како Човекољубец, со благодатната сила на Својата правда, нека ја поткрепува нашата Света Црква за да истраеме по патот на вистината, да го заштитува нашиот боговерен народ и со Својот Свет Дух да ја ороси нашата македонска земја. Да ги запре омразата, поделбите и меѓусебните непријателства. Да нè умудри сите заедно вдахновено да работиме за добробитот и напредокот на нашиот народ. Да ги исполни нашите домови со љубов и изобилна радост. Да ги земе под закрила нашите училишта, да ги просвети со спасоносната светлина благочестивите учители, наставници и раководители. Да ги благослови со Своите добрини нашите ученици и младината, зашто тие се утрешниот разум и совеста на Татковината. Домовите на сиромасите да ги поткрепи и исполни со вера и трпение, а на богатите да им подари сила за чинење на добродетели и милосрдие. Милостивиот Господ да биде покрај постелата на болните, да ги заштити вдовиците и сираците и на сите ним да им подари вера и блажена утеха. Во Господа е нашата радост, нашата љубов и нашиот живот. Затоа, Нему Му се молиме да ги чува нашата Светиклиментова Црква, слободата и независноста на нашата Татковина, се наведува во посланието. 

Претседателот Ѓорги Иванов на сите верници кои го слават денеска Божик им го честиташе големиот христијански празник со, како што рече, големиот поздрав Христос се роди – Навистина се роди.

– Сето она што го посакувам за себе и за своето семејство го посакувам за сите граѓани на Република Македонија. Многу здравје, многу радост многу љубов. Празниците се момент за потсетување и поука, да не поучат дека сите искушенија можеме да ги совладаме со добри мислаи, добри зборови и добри дела, добри родители, добри соседи и добри граѓани на Република Македонија, да си простуваме и да се почитуваме и така да ја воздигнуваме Македонија и македонскиот народ, порача шефот на државата.

Бадниковата паричка во неговото семејство била во лепчето на сопругата Маја.
Првиот парламентарец Трајко Вељаноски честитајќи им го Божик на граѓаните на Република Македонија од православна вероисповед им посака мир и спокој, здравје, среќа, љубов и успех на личен и на професионален план.

– На Република Македонија што побргу интегрирање во меѓународните организации, а на нас политичарите што подобри и поразумни одлуки затоа што на Република Македонија токму оваа година ќе и треба повеже разум отколку емоции, поразумни одлуки за просперитет на Република Македонија и на граѓаните, истакна Вељаноски. Паричката на Бадник се паднала кај синот Филип.

Претседателот на Владата Никола Груевски им го честиташе Божик на сите граѓани од христијанска вероисповед. – Да им посакам на сите пред се здравје, многу љубов, спокојство во семејствата, успех во кариерата и здравје пред се, рече Груевски. Бадниковата паричка во нивниот дом била кај Господ.

Груевски на литургијата во Соборниот храм присуствуваше со сопругата Боркица, а претходно тие исто така беа и на службата во црквата „Свети Ѓорги“ во скопски Чаир.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ