Во Кавадарци се одржа Фестивалот „Дедо цепе бурина“

Од:

На градскиот плоштад синоќа во Кавадарци по седми пат се одржа Фестивалот на вицот и шегата “Дедо цепе бурина“.

Присутните крај големиот огин запален на плоштадот, имаа можност да уживаат во шегите кои ги кажуваа натпреварувачите, главно на кавадаречки дијалект. Имаше политички,  верски и “мрсни”  вицови, шеги за полицајци, русокоси и соседите неготинци.

Љупчо Настов и Панче Арсовски го поделија првото место, а Бошко Ризов и Мики Виденовиќ со семејството, го поделија второто место. Наградите се состоеја од пари и коледашки. Беше приредена и забавна програма.

Настанот го организација на Градоначалникот, Советот на општина Кавадарци и Домот на културата “Иван Мазов – Климе“.

Би можело да ве интересира

Во Кавадарци улично осветлување со лед светилки

Емир Латифовиќ

Кавадарци втор ден без вода

Емир Латифовиќ