Најмалку 25 загинаи и 107 повредени во пожар во болница во Саудиска Арабија

Од:

Најмалку  25 лица загинаа, а 107 други се повредени, при пожар што избувна денеска пред изгрејсонце во болница во Саудиска Арабија, соопшти саудиската Цивилна заштита.

Пожарот се случил во општата болница во пристанишниот град Џазан, административен центар на истоимената југозападна саудиска провинција во близина на границата со Јемен, која е една од најсиромашните области во Саудиска Арабија. 

Огнот избувнал на првиот кат во болницата, каде што се сместени интензивната нега и оделот за мајки и деца. 
 
Телевизијата Ал-Ехбарија, повикувајќи се на изјави на сведоци, информира дека пожарот најверојатно бил предизвикан од куса врска со електричната инталација, по што за само три минути се проширил низ целата болница.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ