Божикна честитка на бискупот скопски Киро Стојанов

Од:

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов упати божикна честитка по повод празникот Божик што утре го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед.

– Драги браќа и сестри, празнувањето Божик секоја година ни овозможува да ја искажеме кон своите најблиски, но и кон сите луѓе со добра волја, секогаш старата, но во исто време нова порака која Божик со себе ја носи. Не, тоа не е сеќавање на некој настан кој што поминал, туку тоа е секоја година нов настан. Ние христијаните не славиме, барем не во литургијата, некој си спомен, туку настан. За нас Исус Христос, како вели апостол Павле, е вчера, денес и секогаш. Славејќи го живиот Бог кој стана човек на сите луѓе ја навестуваме Радосна вест на спасението, се вели во честитката на бискупот Стојанов.

Мојата порака до верниците кои празнуваат Божик, а и до сите луѓе со добра волја, посочува бискупот, е овие денови да се отвораат кон милосрдието и да пружат рака на оној кој е сиромашен и гладен, да избришат солза на оној кој е жалостен, да го посетат оној кој е болен и тоа без разлика на вера и нација, зашто Бог не прави разлика меѓу луѓето.

– За Него вистински сме браќа и сестри. Нашата блажена Мајка Тереза тоа најдобро го покажа дека Бог го љуби човекот работејќи во далечната Индија каде стана Мајка на сиромасите. Ви го честитам Божик со една единствена желба и молба, а тоа е: отворете ја вратата на вашите срца и ќе видите дека св. семејство стои пред вашите врати и моли влез. Примете го и донесете му среќа и радост, а со тоа ќе почувствувате дека е вистина што некој рекол: „Да не бидеш сакан е тешко, а да не сакаш е трагедија“. Ви посакувам Божик со настаните на љубовта, милосрдието и добрината да влезе во вашите срца, во вашите семејства, во вашите домови и ви го донесе својот непроценлив мир. Христос се роди!, стои во божикната честитка на бискупот Стојанов.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ