Сегашните министри во Мјанмар ќе ги пакуваат куферите, бирократите ќе останат на своите места

Од:

Лидерот на Националната Лига за демократија ( НЛД ), Аунг Сан Су Ќи, чија партија извојува апсолутна победа на изборите одржани на 8 ноември, денеска изјави дека во новата влада ќе нема место за ниту еден од сегашните министри.

За раборните места не треба да стравуваат јавните службеници, бидејки Су Ќи најави дека ќе нема реваншизам, ни чистки во танаречениот трет ешалон во министерствата, агенциите и државните претпријатија.

Во сегашната власт во Мјанмар има 39 министерства, со повеќе од 90 министри и заменици министри. Најголем дел од нив се именувани со решенија на воените власти.
Новата влада во Мјанмар, прва по воената диктатура која траеше над 50 години, ќе биде формирана во март идната година. Сегашните власти ветија дека транзицијата на власта ќе помине мирно, а се ќе се одвива под мониторинг на Он, ЕУ и организации од Азија.

Аунг Сан Су Ќи деновиве имаше и серија состаноци со водачите на бунтовничките и сепаратистичките племенски движења. Осум од нив веќе го потпишаа договорот за мир и одлагање на оружјето, а Су Ќи ќе се обиде да се смират и другите племиња.

Би можело да ве интересира

Почнува новата етапа на демократија во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници

Емир Латифовиќ

Завршувањето на мировниот процес ќе биде примарна задача на новата власт во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар се вжештува предизборната кампања

Емир Латифовиќ

Амнестија за 6.966 затвореници во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Поплави во Мјанмар, најмалку 10 загинати

Емир Латифовиќ