Саудиска Арабија формира исламистичка коалиција за борба против тероризмот

Од:

Саудиска Арабија го прогласи создавањето на исламската воена коалиција за борба против тероризмот.

Коалицијата е составена од 34 држави, а нејзиниот оперативен команден центар се наоѓа во Ријад. 

Меѓу земјите, кои се членки на овој воен сојуз се Турција, Либија, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан, Либан, Кувајт, Катар, Египет, Мароко, Јемен, Малезија и Пакистан.

– Ќе се бориме против секоја терористичка организација, не само против Исламска држава, изјави саудискиот министер за одбрана принцот Мохамед ибн Салман. 

Тој додаде дека секоја земја ќе учествува во коалицијата во зависност од нејзините можности.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ