Ден по објавувањето: Штерјо набрзина ги продаде акциите во „Европа“

Од:

Порталот ФАКТОР.МК објави дека денеска на блок трансакција на берзата, Фершпед ги продаде акциите од фабриката за чоколади „Европа“ кои само пред две недели ги купи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Берзата денеска извести за блок трансакции со истата количина на акции, но за цена повисока само 10 денари по акција.

Фершпед ги купи акциите по цена од 788 денари, а денеска ги продаде по цена од 798 деннари. Според ФАКТОР.МК берзата не објави кој е купувач, а кој продавач, но истиот број на акции, и само малку повисоката цена сугерира дека продавач е токму Фешпед.

Станува збор за 9849 акции на „Европа“, кои претставуваат 3, 71 % од вкупната акционерска структура на „Европа“.

Со нив Фершпед стана најголем мнозински сопственик во фирмата, но денешната трансакција покажува дека фирмата ги купила, не за да остане во „Европа“ туку за да ги препродаде на некој друг бизнисмен.

 

НАКОВ: Не ги продадов акциите во „Европа“

Првиот човек на шпедицијата „Фершпед“, Штерјо Наков демантира дека ги продал акциите во „Европа“.  Тој посочува дека  дека се работи за друг пакет акции што не е во  сопственост на шпедицијата.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ