Обид за шверц на пиво во Саудиска Арабија во лименки од „Пепси“

Од:

Пограничните органи на Саудиска Арабија запреле пратка од 48 илјади лименки со пиво, што требало да бидат прошверцувани во земјата под етикетата на „Пепси“.

Шефот на царинската служба, Абдулрахман ал Махна изјави дека цариниците на преминот кај местото Ал Бата, на границата со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), го запреле големиот камион за рутинска проверка на транспортот.

При проверката на пакетите, цариниците откриле дека лименките на кои имали етикети на безалкохолен пијалак, всушност содржеле пиво.

– Брзо стана јасно дека зад невешто преправената ознака на безалокохолната „Пепси“ се крие алкохол, пиво, што требаше илегално да биде внесе во Саудиска Арабија, изјавил Махна за арапската телевизиска станица „Ал Арабија“.

Саудиска Арабија има мошне строги прописи поврзани со шеријатското право, според кое најстрого е забрането внесување и употреба на алкохол. Предвидени се мошне строги казни затвор и тепање со камшик за оние кои ќе ја прекршат забраната.

Возачот на камионит е уапсен, а полицијата се обидува да утврди кој стои зад обидот за шверц на пиво.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ