Диме Спасов ги повика вработените на непослушност кон Ременски

Од:

Заменик министерот за труд и социјала, Диме Спасов, испратил известување до сите вработени во кое ги информира дека нивна право и должност е да не постапуваат по известувањето кое им го пратила новата министерка Фросина Ременски.

Во писмото до вработените пишувало:
12273061_10208160812913264_640970409_n

„Ве информирам дека известувањето кое е испратено на 15 ноември 2015 година во 12 часот од страна на Наташа Методиева од кабинетот на техничкиот министер за труд и социјална политика Фросина Ременски, а во кое незаконски ви се укажува Вашите одговори на барања на граѓани да ги упатувате на одобрување кај лицето Мила Царовска, лице кое не е вработено во Министерството за труд и социјална политика, нема никаква правна сила и имате право и должност да не постапувате по него.

Исто така наведеното известување нема законски основ и форма и претставува прекршување на поголем број на законски одредби. Известувањето претставува груб обид за партизација на институциите и прекршување на правата и слободите на граѓаните, нешто што нема да го дозволам.Постапувањето по тоа известување може да повлече законска одговорност.

Ве охрабрувам Вашите работни задачи, како и досега, да ги извршувате стручно и професионално, и да продолжите да работите во интерес на граѓаните, за што имате видливи резултати кои никој не може да Ви ги оспори“, пишува во известувањето, потпишано од Спасов.

Претходно, провладините медиуми пишуваа дека Ременски испратила мејл до вработените во кој повикува сите одговори на прашањата на граѓаните пред да се испратат, да бидат одобрени од нејзиниот кабинет.

Би можело да ве интересира

Прво локално партнерство за вработување и креирање повеќе и подобри работни места

Ана Ололовска

МОТ: Годишно по 270 милиони повреди на работа и 160 милиони професионални болести

Ана Ололовска

Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Емир Латифовиќ

Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост

Емир Латифовиќ

Реакција на МТСП на обвинувањата на Сојузот на слепи

Емир Латифовиќ

Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Емир Латифовиќ