„Џерманвингс“ заминува во историјата, „Јуровингс“ е новиот бренд во авиосообраќајот

Од:

Германската авиокомпанија „Џерманвингс“ со почетокот на зимскиот ред на летење заминува во историјата и нејзиното место ќе го заземе, исто така, една евтина компанија „Јуровингс“ („Eurowings“).

Медиумите укажуваат дека, додека пред новата компанија стојат и нови предизвици, на патниците им се нудат нови можности за евтин лет на долги линии кон  Америка, Индија и Африка.

Патниците, како што се најавува, од аеродромот Келн/Бон ќе можат да летаат за Дубаи за цена од 99 евра, а за Банкок, на пример, за 199 евра во еден правец.

Според деловниот план, од ноември од аеродромот Келн/Бон ќе се лета со авионите на „Евровингс“ за Банкок, Дубаи и Карибик, со пилотите на германско-турската фирма „СунЕкспрес“, а од мај следната година и за Маурициус.

Синдикатите, како што наведуваат медиумите, ги критикуваа новите работни договори според кои еден копилот на „Јуровингс“ треба да има стартна годишна плата од 44.000 евра, додека на другата страна копилотот на „Луфтханза“ од првиот работен ден има најмалку 62.000 евра годишно.

Сепак, со овој концепт „Луфтханза“, токму преку „Јуровингс“, влегува во „рингот“ против евтините компании „Рајан-ер“ или „Визер“, укажуваат медиумите.

Тие, меѓутоа, додаваат дека името „Џерманвингс“, „фирма-ќерка“ на германската „Луфтханза“ ќе остане поврзано со трагедијата од 24 март годинава кога копилотот Андреј Лубиц намерно го урна  авионот над француските Алпи и усмрти 150 лица и дека таа трагедија повеќе ги забави отколку што ги забрза промените.

Ова се образложува со фактот дека деловниот план за старт на „Јуровингс“ бил договорен уште многу  пред оваа несреќа, која ја измени историјата на европското цивилно воздухопловство.

Шефот на „Луфтхана“, Карстер Шпор, кој во трагедијата на „Џерманвингс“ претрпе големи критики, пред се, заради ниските суми за обештетување на семејствата на жртвите, најави дека од финансиски причини се преминува на „Јуровингс“ и, при тоа, позитивно зборуваше за „Џерманвингс“ како за една „успешна приказна“.

„Јуровингс“ е формиран уште во 1993 година, но дури од 2001 година стана „фирма-ќерка“ на „Луфтханза“, потсетуваат медиумите и укажуваат дека во заднината на овие промени се наоѓаат парите и дека ќе се штеди на персонал, кој нема да ги има истите услови за работа и заработка, односно, тарифен систем, како во „Луфтханза“.

Името „Џерманвингс“ дури во јануари следната година ќе исчезне од сите Интернет презентации и пишани форми, а патниците ќе имаат период за навикнување, така што до половината на јануари ќе можат да си резервираат билети преку XYPERLIK www. germanwings. com/ Eurowings, а дури подоцна преку www. eurowings.com.

Би можело да ве интересира

Од октомври директна авиолинија Скопје-Доха

Емир Латифовиќ

„Солар импулс“ безбедно слета во Швајцарија

Емир Латифовиќ