Во Мјанмар се вжештува предизборната кампања

Од:

Во пресрет на општите избори во Мјанмар, кои ќе се оддржат на 8 ноември, се вжештува кампањата што ја водат владејачката Унија за солидарност и развој (УСДП) и опозициската Национална лига за демократија (НЛД).

Паѓаат се потешки меѓусебни обвинувања, но досега митинзите се оддржуваат во релативно мирна атмосфера.

На првите целосно слободни избори по 50-годишното владеење на воената хунта и претходните избори од 2010 година контролирани од армијата, во трката за места во централниот и регионалните парламенти учествуваат 6.074 кандидати од 91 партии и движења.

НЛД, со која раководи нобеловката Аунг Сан Су Ќи има 1.134, а УСДП 1.130 кандидати. Во сегашниот Парламент, УСДП има апсолутно мнозинство, обезбедно со 80 „делегирани’’ претсавници на армијата.

Изборната кампања почна мирно, со памфлети и претставување на кандидатите, но од 10 октомври наваму на митинзите и во јавноста атмосферата е се пожестока.

На досегашните собири на НЛД присуствуваат повеќе од 200.000 симпатизери на најавените демократски промени. Лидерката Аунг Сан викендот оддржа и два големи митинзи во провинцијата Шан, каде што се уште се водат вооружени борби меѓу сепаратистите од племето Рохингја и армијата, а нејзиниот престој во тоа подрачје е оценет како многу успешен.

Аунг Сан и натаму ги повикува своите симпатизери внимателно да ги одбегнуваат оркестрираните провокации од страна на сегашните власти и да не се впуштаат во пресметки.

За разлика од митинзите на опозиционерите, партијата на власт, според посетеноста на нејзините собири не може да се пофали со поддршката. На митингот, организиран на спортски центар во близина на главниот град пред три дена, УСДП имала големо обезбедување чија задача била да не ги пуштаат учесниците да го напуштат митингот пред да заврши, но медиумите јавија дека ни половината не останале до крај. Кампањата на сега владејачката партија ја раководи актуелниот претседател Теин Сеин, кој не е кандидат на овие избори.

Со измени во изборниот закон, направени под притисок на меѓународната заедница, на граѓаните на Мјанмар, кои живеат во други држави им е овозможено да гласаат три недели порано. Во Тајланд, во Бангкок и неколку други градови, каде што легално работат околу 110.000 жители на Мјанмар, само минатиот викенд гласале над 40.00 лица.

Аналитичарите и јавноста во Мјанмар и регионот предвидуваат сигурна победа на Лигата за демократија на Аунг Сан Су Ќи. Таа, според сегашниот Устав, не ќе може да се кандидира за претседател, бидејќи била мажена за странец, а нејзините деца имаат и пасоши од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Почнува новата етапа на демократија во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници

Емир Латифовиќ

Завршувањето на мировниот процес ќе биде примарна задача на новата власт во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Сегашните министри во Мјанмар ќе ги пакуваат куферите, бирократите ќе останат на своите места

Емир Латифовиќ

Амнестија за 6.966 затвореници во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Поплави во Мјанмар, најмалку 10 загинати

Емир Латифовиќ