Нема да смени состојбата на еден народ се додека народот не се промени

Од:

Кај нас е нормално за се што ни се случува во животот да обвинуваме било кога освен нас самите. Од 1991 година, од кога живееме во независна држава, па се до денес, народот за лошите услови за живеење секогаш посочува во политичарите. И навистина, политичарите во овие 22 години повеќе му одмагаа отколку што му помагаа на народот.

Но пред некој ден сретнав една жена на улица со која разговаравме за протестите на “АМАН“ и слабата посетеност, како да му е убаво на народот што му поскапуваат струјата, парното и бензините. Во еден дел од разговорот ми рече “Е таков народ сме ние, само ќутиме и трпиме и се додека сме такви вака ќе ни прават“. Видно беше револтирана од поскапувањата не само на струјата, парното и бензините, туку и на цените во продавниците. Ме натера да се прашам како би реагирале Французите ако некој новинар објави дека од последните петнаесет поскапувања дури тринаесет се незаконски донесени? Дали во Германија би можело да се случи да протестирате два месеца пред некоја институција и никој да не излезе да одговори на барањата, макар и негативно?

На крај дојдов до заклучок: Ако ние имавме култура на протест сигурно дека политичарите немаше во сите овие години да имаат така катастрофални политики кои го уништија стандардот на народот. И сега некој ќе рече дека ете стечајците протестираат со години и ништо, не дека нема протести. Но стечајците се само 6000 луѓе, а протестираат по неколку стотини, тие во очите на политичарите се бројка, мала бројка која во изборните математики не им значи ништо, ете затоа ги игнорираат стечајците.

Во овие дваесет години на политчарите им успеа да го поделат народот по етничка линија, верска, партиска и по која уште не основа, но народот тие го гледаат како бројки, да како бројки за нивните изборни математики. Се додека народот продолжува да се дели ќе биде се полошо за него. Па ако работниците не се обединат да си ги штитат правата, ниту синдикатите ниту институциите тоа ќе го прават наместо нив, а најмалку пак политичарите кои си седат во удобните столчиња.

Дури има и од оние кои викаат дека би дошле да протестираат ама им сметаат едни фаци на протестите, те други, те трети, и се додека тие протестираат нема да излезат на протест. Веројатно би сакале да протестираат со некои четврти кои денес баш и немаат потреба да протестираат, оти си имаат добри работни места добиени според заслуги.

И се така во круг, поделени, изморени од животот и сите проблеми кои ни ги носи, народот стана сиромав и апатичен. Апатичен и сиромав, каков што може да посака секоја владеачка гранитура. Сиромав значи и лесно може да се корумпира неговиот глас, апатичен значи дека веќе не реагира на било која неправда која му се нанесува од страна на фотељашите.

И ако не се свестиме кај ќе ни биде крајот. До кога вака? Еден мој другар вика “Не се секирај, ќе биде полошо“. Нема да се смени состојбата на еден народ се додека народот не се промени. Затоа луѓе мораме да ја научиме културата на протест ако сакаме да имаме подобра иднина, во спротивно не се секирајте навистина ќе биде полошо. За крај, има една реплика од српскиот филм “Професионалац“ а таа ми е многу омилена и оди вака: “Није Милошевиќ крив, ми смо криви. Ми смо говна, и он зна да смо ми говна. И кад му будемо дојадили он че да пусти воду и говна че да оду“. Не би сакал некој да се почувствува навреден од репликата, мене само ми се допаѓа.

Џелал Хоџиќ

АМАН

Би можело да ве интересира

Груевски да биде изолиран, а не државата

Ана Ололовска

Третманот на прашањето за изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во македонските медиуми

Ана Ололовска

Новинарска лекција: РЕПОРТАЖА

Ана Ололовска

Може ли да се украдат 200.000 гласови и зошто?

Ана Ололовска

Костова: Никола твојата последна битка за опстанок на ФОКУС е наш императив!

Ана Ололовска

Кога новинарите не прашуваат, лагата многу лесно станува вистина

Ана Ололовска