Ватерполистот на Синтез од Казан и руски репрезентативец Владислав Тимаков почина на 23 годишна возраст.
Него вчера му се слоши додека се наоѓаше на подготовки со својот тим во Бугарија. Тимаков доби грчеви за време на тренинг во вода. Клупските лекарите веднаш му пружиле помош, но за жал репрезентативецот на Русија починал на пат кон болницата.
Од рускиот национален сојуз објавија дека Тимаков претходно немаше здравствени проблеми.
Во својата кариера настапуваше за московски Штурм-2002, а неодамна на Светското првенство во Казан беше дел од неговата репрезентација.
Тимаков со Русија стигна до сребрениот медал на Универзијадата 2013.