Голема еколошка катастрофа се случува на езерото „Мантово“. Илјадници килограми риби пливаа изумрени на површината и со самите бранови донесени на брегот почнуват да се распаѓат од високата температура. Риболовните здруженија реагираат и бараат државните институции брзо да ја откријат причината.
– Ова можеме да кажеме дека е една од најголемата еколошка катастрофа која се има случено на ова наше езеро, на која досега никој немаше реагирано до надлежните институции, овластените лица и правни субјекти. Од наша морална одговорност како Риболовен клуб „Крап“ кои досега имаме реализирано голем број на донации и порибување на оваа наше езеро, а со цел да се врати рибниот фонд и да биде едно прекрасно место за спортски и рекреативен риболов, моравме да реагираме и да ги известиме институциите и да излеземе на лице место, го известивме концесионерот кој стопанисува со рибниот фонд, инспекторатот, полицијата и другите институции. Од самите изјави на нашите риболовци кои го посетуваат тој терен никажуваат дека ова се случува во последните 3 дена и дека никој го нема посетено Мантово да земе примероци и да ја утврди состојбата како и што била причината за угинување на рибите. Апелираме веднаш да бидат превземени соодветни мерки со цел да се утврди причината за поморот на рибите, и да се најде сторителот на овој грозоморен чин – велат од риболовното друштво „Крап“.