Еден 22 годишен човек од Австралија, кој се заглавил во барабанот на машината за перење облека во неговата бања, морал да биде спасуван со интервенција на локалната пожарникарска екипа.
Човекот чиј идентитет не се открива, освен што се вели дека тој е од австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, бил заглавен во машината со главата и двете раце.
Во машината за перење останал повеќе од три часа, а операцијата за неговото извлекување траела над еден час.
Откако тој самиот, а и неговите блиски не успеале да му помогнат да излезе од барабанот на машината, биле повикани поќарникарите.
Тие подоцна признале дека никогаш досега не учествувале во една ваква спасувачка операција, па за да му помигнат на човекот, побарале совет од производителот на машината кој им дал инструкции и шемата по која таа е изработена.
Пожарникарите одлучиле дека нема друг начин за да се спаси човекот, освен целосно да се размонтира машината и да се расклопи нејзиниот барабан.
Машината сега повеќе не ќе може да се употребува, но 22 годишниот човек бил извлечен од неа, без никакви повреди.
Засега не е познато што го натерало да се протне во барабанот на машината за перење, до под двете раце, а потоа да не може да се извлече од таа положба.