Позната причината за самоубиството на Робин Вилијамс

Од:

Само една недела откако пристигнаа официјалните резултати од обдукцијата кои потврдија дека славниот актер Робин Вилијамс извршил самоубиство, медиумите откриваат и нови детали за причината која го навела на ваков чекор.

Самоубиството на актерот веројатно било последица на погубната деменција која ги оневозможила нормалните функции на мозокот, пишува Дејли Мејл.

Судските документи до кои дошол порталот TMZ откриваат дека славниот актер пател од деменција предизвикана од Паркинсовата болест и дека најверојатно имал халуцинации.

Извор близок до семејството на актерот тврди дека оваа болест била клучен фактор кој го навел комичарот да се обеси во својот стан во Калифорнија.

Халуцинациите се вообичаени кај луѓето кои патат од деменција и имаат проблем да ги препознаа пријателите и членовите на семејството. Болеста предизивикува проблем со вниманието и вознемиреност.

-Оваа состојба е предизвикана со складирање на протеини во мозокот што предизвикува оштетување на нервните ќелии во зоните кои ја контролираат меморијата и размислувањето. Протеинот има улога и во Паркинсовата болест, па некои луѓе кои патат од деменција имаат слични симптоми, објаснува Хилари Еванс, директорката на истражувачкиот центар за Алцхејмеровата болест во Британија.

Минатиот петок властите официјално потврдија дека се работи за самоубиство на актерот и тогаш беше објавено дека му била констатирана Паркинсовата болест. Познато е дека актерот и порано имаше проблеми со депресија и параноја, веројатно се работело за првите индикатори на оваа тешка болест.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ