Ванчо Чифлиганец нов претседател на ФБСМ

Од:

За нов претседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија е избран Ванчо Чифлиганец. Тој доаѓа на место на Чедо Николовски, кој доби благодарност за досегашната работа и од страна на Македноскиот Олимписки комитет. Промената се случи на денешното вонредно Собрание на федерацијата, на кое беа присутни 34 делегати од 17 клубови.

Со изборот на Чифлиганец се надминува кризата поради која на Македонија и се закануваше суспензија за настап на нашите борачи на Светското првенство во Лас Вегас. На овој шампионат ќе се „бркаат“ олимписки визи за Летните Олимписки игри во Рио де Женеиро. Репрезентацијата во Лас Вегас ќе ја води селекторот Љуљзим Вранези, како и лице кое ќе го одреди претседателот на федерацијата.
Чифлиганец во минатото беше успешен во борењето кога како претседател на Бучим Јака овој клуб во 1996 година стана европски и светски првак.

Од Агенцијата за млади и спорт дадоа подршка на ФБСМ, укажувајќи дека треба да се отстранат одредени недостатоци.

За членови на Управниот одбор се избрани: Васил Коцев-Балканец, Бетим Вренези -Лирија, Александар Поцев-Бучим, Назми Али-Тефејуз, Јордан Димитров -Спартак, Јане Мелов-Неготино, Методи Сичков-бизнисмен, Николајчо Николов- бизнисмен. Потпретседатели на ФБСМ се: Трајче Димков, Могамед Ибрагимов и Бетим Вренези, а Насе Насев ќе биде спортски директор.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска