Хелен Мирен доби три восочни фигури во „Мадам Тисо“

Од:

Британската актерка Хелен Мирен пред неколку дена наполни 70 години, па во нејзина чест музејот „Мадам Тисо“ во Лондон изложи не една, туку три восочни фигури со нејзиниот лик.

-Пронајди ја лажната, се пошегува славната глумица, позирајќи заедно со своите восочни двојнички.

Две фигуре ја прикажуваат Мирен во нејзините најпознати улоги – како детективката Џејн Тенисон во ТВ серијата „Главен осомничен“ и како кралицата Елизабета II во филмот „Кралица“ , за која и беше доделен Оскар.

Третата кукла, изработена во 2010 година, ја прикажува Мирен во црн фустан на црвениот тепих.

-Тоа е како да имам три сестри, кажа актерката која неодамна ја освои својата трета награда Тони, за улогата на Елизабета II во претставата „Аудиенција“.

Хелен Мирен, која се смета заедна од најголемите глумици на данешнината, има подеднако успешна кариера на филмот, телевизијата и во театарот, што трае веќе речиси 50 години, пренесуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ