Кралот на Саудска Арабија, Салмане бен Абделазиз Ал Сауд одлучи да го помине својот одмор на француското крајбрежје во Валорис, придружуван од свита од околу 1.000 лица.
Но локалното население не е задоволно од неговата посета поради затворање на плажата, јавува дописникот на МИА од Париз.
На интернет е покрената петиција против приватизацијата на јавно место, која за само една недела собра над 50.000 потписи. Незадоволство е уште поголемо бидејќи во вилата и околу неа се изведени градежни зафати без дозвола за градба, за да му се овозможи на кралот директен пристап од вилата до плажата.
Кралот на Саудсика Арабија ќе остане во Франција три недели, што според проценките ќе им донесе добра зараборувачка на локалната економија. Свитата ќе биде сместена во хотелите на Азурниот брег, додека кралот и неговите најблиски во вилата во Валорис.
Француските власти од своја страна ги презедоа сите потребни мерки за безбедноста на кралот, меѓу кои и забраната за користење на плажата, која сега е на располагање само на кралот.