ВМРО-НП: До каде е возобновувањето на скијачкиот центар Попова Шапка?

Од:

Од последните предвремени парламентарни избори помина една година, а од „мега“ ветувањата за преуредување и возобновување на скијачкиот центар Попова Шапка безмалку четири години.

Да се потсетиме, беа ветувани и најавувани инвестиции од 30.000.000 евра скоро пред секој изборен циклус, изградба на нови хотели, жичари, ски-лифтови, вештачкото езеро кое беше започнато во 2013 година, а сега зјае празно и недоизработано, реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка но и зголемување на капацитетот за паркирање.

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија го прашува Општинскиот комитет на ДПМНЕ но и пратеничката Светлана Карапетрова до каде се со реализацијата на овој голем и важен капитален проект кој го беа ветувале минативе четири години и дали ќе ветат уште 30.000.000 евра и на наредните избори кои би требало да се одржат во април 2016 година?

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Парламентарните избори да се одржат заедно со локалните

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Ако не се прочисти Избирачкиот список да нема избори

Емир Латифовиќ