Полјакот Рафал Мајка победи на денешната 11.та етапа од велосипедската трка „Тур Д‘Франс“. Тој денешените 188 километри од По до Котерет ги мина за 5 часа 2 минути и 1 секунда и за една минута имаше подобро време од второпласираниот Даниел Мартин, додека третопласираниот Емануел Бучанан имаше заостанување од 1:23 минута.
Водечкиот во генералниот пласман Кристофер Фрум го освои 9. место на днешната етапа со 5:21 минута послабо време од побеникот на етапата, но и покрај тоа ја задржа првата позиција и „жолтата маица“.
Тој има вкупно време од 41 час 3 минути и 31 секунда. Втор во вкупниот поредок е Таџеј Ван Гардерен со заостанување од 2 минути и 52 секунди.
Утре се вози 12. етапа од Ленемезан до Плато де Беле во должина од 195 километри.