Врачени признанијата за најбезбедни и најчисти училишта

Од:

На трите основни и двете средни училишта кои беа избрани за најбезбедни и најчисти во учебната 2014/2015 година денеска им беа врачени признанијата.

На свеченоста присуствуваа министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ Маријане Берец.

Според министерот Адеми, училиштата мора да бидат безбедни и хигиената да е највисоко ниво за да можат непречено да се реализираат сите активности поврзани со воспитно-образовниот процес.

– Наша задача е да се грижиме за безбедноста на секое училиште, но исто така, заедно работиме и на подигнување на свеста на учениците кога станува збор за одржување на хигиената во нивните училници, во училишните дворови и училишните спортски сали, рече Адеми.

Амбасадорката на ОБСЕ посочи дека постојат многу причини училиштата да бидат безбедни и чисти.

– Сега имаме навистина добри примери на соработка меѓу учениците, родителите и наставниците и се надевам дека тие примери ќе ги следат и останатите затоа што добрите практики ќе станат дел од културата. Познатиот филозоф и наставник Аристотел рекол дека добрите практики кои се креираат во младоста ја прават целата разлика, рече амбасадорката Берец.

Во конкуренција на 18 основни и шест средни училишта за најбезбедни беа избрани ОУ „Владо Кантарџиев“ од општина Гевгелија, ОУ „Климент Охридски“ од село Драчево и ООУ „Климент Охридски“ од Македонски Брод. Од средните училишта избрани беа СУГС „Владо Тасевски“ и СУГС „Никола Карев“.

Натпреварот „Најбезбедно и најчисто училиште“ се спроведува втора година по ред од страна на Министерството за образование и наука и ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Промоција на факултети и компании пред младите кавадарчани

Емир Латифовиќ

Давитковски: Немам веќе сила и нерви за притисоците врз мене и Правниот факултет

Емир Латифовиќ

Предавање на Лудовикос Коцонопулос во Скопје

Емир Латифовиќ

Парични казни за градинката „Детска радост“ и за директорката

Емир Латифовиќ

Студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се сретнаа со француски правни експерти

Емир Латифовиќ

ФОТО: Проектот на ОБСЕ на безбедни училишта – успешен во Кичево

Емир Латифовиќ