Французинот Алекси Виљермо е победник на осмата етапа на велосипедската трка „Тур Д‘ Франс“ што се возеше денеска од Рен до Мур де Бретањ во должина од 181,5 километар. Виљермо (27) успеа „да избега“ од групата во последните 600 метри и прв да ја мине целта. Победникот на етапата имаше време 4:20.55 часа.
Пет секунди заостанување имаше вториот Ден Мартин, а Алехандро Валверде кој заврши како трет имаше десет секунди заостанување зад победникот.
„Жолтата маица“ и водството во генералниот пласман ги задржа Британецот Крис Фрум, кој имаше исто време со третопласираниот Валверде. Фром има вкупно време 31:01.56 час, а на втората позиција е Петер Саган со 11 секунди заостанување.
Утре се вози екипниот хронометар во должина од 28 километри, а во понеделник е слободен ден.