Фризерски салон во Русија: Голи фризерки потстрижуваат клиенти

Од:

Руската полиција спроведе рација во еден фризерски салон во Москва, откако добила дојава дека фризерките што ги потсрижуваат клиентите се целосно голи.

За околу 65 евра клинети можеле да уживаат во „голото потстрижување“, кое наводно било толку популарно што на ред се чекало и на улицата пред салонот, објави „Метро“.

– Кога ќе влезете ве дочекува девојка со големи гради која нуди кафе и флертува со вас. Светлата се пригушени и потоа почнуваат да ви набројуваат улуги кои ги нудат. Освен фризура, работат и маникир и педикир. Што повеќе време седите на столицата, повеќе ќе платите, изјави редовниот клиент Сергеј Воронов.

Но, славата на крајот ги уништи. Имено, проблеми настанувале кога пијани клиенти ја „промашувале“ вратата и наместо во салонот се обидувале да влезат во блискиот центар за аутистични деца.

– Не можевме повеќе децата да ги пуштаме да си играат на игралиште, се појавуваа многу пијани мажи кои се обидувале да влезат во зградата, изјави директорката на Центарот, Људмила Михаилова.

Пред рацијата, еден полицаец влегол во салонот преправејќи се дека е клиент, но бил шокиан кога му понудиле „дополнителна услуга“ при која и тој треба да биде гол за цена од околу 130 евра.

Управничката на салонот ги негира обвинувањата дека тоа што го нудат е проституција, нагласувајќи дека фризерките немаат сексуални односи со клиентите.

Но, полицаецот-клиент тврди дека му била понудена опција на дополнително време минато со девојката која го потстрижувала за цена од околу 520 евра.

Би можело да ве интересира

Британка станала порно актерка за да му купи скапи божиќни подароци на синот

Ана Ололовска

Американец тужи музеј поради „ариевски“ приказ на Исус Христос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бизарна мода на одмазда на изневерени жени во Кина

Ана Ололовска

Илјадници пчели одложија летање на авионот на авио-компанијата „Американ“, два пати по ред

Ана Ололовска

Го тужи 12-годишниот внук поради излив на љубов

Ана Ололовска

Уште еден доказ дека не треба да се верува на се што ќе се појави на Интернет

Ана Ололовска